Menu

Фатон Салихи – Претседател на НБФ  

ПОЗДРАВЕН ГОВОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

„БФМ ќе застане на пиедесталот на успешните спортови како во минатото“

Боксот е благородна вештина која бара сила, храброст, интелект, пожртвуваност и помага во оформувањето и дисциплирањето на личноста. Овој спорт претставува магија која со магнет ги врзува најмладите и им дава желба и мотив максимално да се посветат на тренингот и преку нивните резултати и постигнувања да ја афирмираат татковината.

Боксот во Република Македонија, своите почетоци ги имаше во 50-тите години, за да во текот на 60-тите и почетокот на 70-тите години од минатиот век, во боксерскиот ринг се појави една плејада на млади боксери, меѓу кои имаше и подоцнежни носители на медали на младинските и сениорските првенства на меѓународната сцена, како и на олимписките игри.

Посветеноста и заложбата на сите страни, вклучени во развојот на македонскиот бокс, тргнувајќи од Агенцијата за млади и спорт и Боксерската федерација на Македонија, придонесе боксот да оди во нагорна линија изминативе години. Нашите мотиви ги црпиме од младите боксери, кои секогаш ни даваат сили за нови успеси, а тие успеси остануваат запишани во историјата на боксот и во името на нашата држава.

29 години Боксерска Федерација на Македонија

50 ГОД ОД ЗЛАТЕН ГОНГ

50 ГОДИНИ ОД ЗЛАТЕН ГОНГ

logo_BFM (2)

ДРУГИТЕ ПИШУВААТ ЗА НАС

logo_BFM (2)

Клубови

logo_BFM (2)

Натпревари

КАТЕГОРИИ

ДОКУМЕНТИ

ЈАВНИ НАБАВКИ

АДРЕСАР